ДАЛИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ‘ДЕЈТОН’ !? Еди Рама нуди драстично решение за косовското прашање ? Србите тврдат: “Нема да можеме да го отфрлиме ова…“

Дали се наѕира драстично решавање на косовскиот јазол, според системот што се применува во Босна и Херцеговина !? Додека не се договорат, нема излез. Ситуацијата на Косово е се понапната, потрагата по решение за српско-косовските односи влезе во ќорсокак, а меѓусебниот дијалог се претвори во монолози без поконкретни предлози за излез од кризата.

Затоа премиерот на АлбанијаЕди Рама, предложи свикување меѓународна конференција за Косово, односно за српско-косовските односи, што беше одобрено од Брисел и Вашингтон. И пред каков било конкретен договор може да се прогласи – ‘нов Дејтон‘. Имено, како што вели Еди Рама – „не смее да им се дозволи да си заминат без договор!“.

Српскиот политиколог Душан Јањиќ за српскиот весник Danas.rs истакна: „Овој предлог нема да биде отфрлен, бидејќи е ставен во форма на земи или остави“.

Да потсетиме, во 1995 година делегациите на Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, односно Бошњаци, Хрвати и Срби беа изолирани во американската воена база во Дејтон и не можеа да ја напуштат додека не се договорат. Дали на повидок е слична ситуација за да се реши една од најголемите кризи во Европа, која повторно се заканува со можен конфликт ? Како што вели Душан Јањиќ – тогаш војната во Босна и Херцеговина беше прекината, а сега ова треба да ја спречи војната.

Претседателот на Европскиот советШарл Мишел, ја поддржа идејата на Еди Рама: „Дојде време за глобален пристап и преземање чекори кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Според најавите, учесници би биле претставници на Европската унија, потоа главните земји од ЕУ Германија, Франција и Италија – со можно учество на соседните земји како Унгарија, Грција и Албанија, како и некои земји од регионот (евентуално Хрватска и Словенија !?), потоа САД и Велика Британија, но и делегацијата на НАТО, бидејќи генералниот секретар Јенс Столтенберг во таа прилика изјави дека – „ситуацијата на Косово бара поголема соработка и ангажман на ЕУ и НАТО, чии мировни сили се во Косово за секој случај“.

Русија нема да биде учесник на конференцијата, а се уште не се знае дали ќе ја поканат и Турција.

Имено, како што пишува Danas.rs, Брисел веќе е навлезен во фазата на организација, бидејќи сегашната форма на дијалог, која трае со години, не дава никакви опипливи резултати. Ќе се организираат нови избори во општините со српско мнозинство на северот на Косово, што беше причина за нова ескалација на конфликтот. Една од главните точки на расправа е т.н Заедницата на српските општини, која треба да им гарантира политички и малцински права на Србите на северот на Косово, каде што тие се мнозинство. Меѓутоа, проблемот е што Белград и Приштина на различни начини го „читаат“ и доживуваат ЗСО.

Србија го замислува ЗСО практично како федерална единица, односно нова верзија на Република Српска, додека во Приштина, како и во Брисел, стравуваат од ова сценарио, сметајќи дека „боснизацијата“ на Косово ќе роди уште една слична т.н. држава. Премиерот на КосовоАлбин Курти, ја предлага „хрватската опција“, односно начинот на кој српската заедница има права во ХрватскаАлбин Курти не е за форматот ЗСО (иако тешко дека може да го избегне) и инсистира да се применува само Основниот договор од Брисел и Охрид, додека во Белград упорно повторуваат „дека ништо не потпишале“ и дека „тоа е само предлог за дискусија“.

Меѓународната конференција би морала да заврши со конкретни резултати – формирање на ЗСО, веројатно не како Република Српска, но не и како културна автономија; тогаш, можеби не би имало (барем не во првата фаза) директно признавање меѓу двете земји, но би било договорено Белград да ја „прифати“ независноста на Косово и да се откаже од агендата „Косово е Србија“, а не го попречуваат нејзиното членство во ОН и други меѓународни институции и организации. Брисел и Вашингтон сакаат до крајот на оваа година, ако не да го решат прашањето за српско-косовските односи, барем договорот да го доведат до завршна фаза, кога веќе нема да креваат тензии и да создаваат кризи.

АлбанијаАлбин КуртиАлександар ВучиќдоговорЕвропска унијаЕди РамаКосовополитикаСрбија