Пекинг и Вашингтон преговараат за да го отворат патот за посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на САД, објави денеска Волстрит журнал.
Пекинг и Вашингтон разговараат за патувањето во Вашингтон на главниот советник за економска политика на Cи, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, соопшти Волстрит журнал, цитирајќи информирани извори.
Во тој случај, Лифенг би бил највисокиот кинески функционер во официјална посета на САД за време на администрацијата на Бајден.
Волстрит журнал посочува дека се водат преговори и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји да го посети Вашингтон во октомври за да се подготви за самитот на Си со Бајден.