Дали се сомневате дека некој ве прислушкува!? Еве како може да проверите

Безбедноста и приватноста се на прво место за секого и ние најмногу се грижиме за тоа.

За да ви го олесниме, барем во еден сегмент, откриваме тајни кодови што ќе ви помогнат да ги отстраните или потврдите сомнежите за приватноста на вашите повици.

За да дознаете дали вашите повици и пораки се пренасочени, бирајте *#21#. Статусот на секоја информација ќе биде прикажан на екранот.

Ако статусот вели „Пренасочено“, тоа значи дека вашиот телефон се следи.

002# е универзален код за исклучување на секаков вид на пренасочување. Со активирање на овој код, можете да ги избришете сите пренасочувања на вашиот телефон.

Ако сакате да знаете каде се пренасочуваат вашите повици, пораки и податоци, бирајте го кодот *#62#.
Вашите повици треба да бидат пренасочени кон говорната пошта на вашиот телефонски оператор.

Проверете ги овие кодови, нема да наштети!