Дали Силвестер Сталоне направи операција на лицето? „Злобните јазици“ велат да, погледнете ги фотографиите!
Силвестер Сталоне снима нова сезона од своето реално шоу, а фотографиите со сопругата предизвикаа бура од реакции. На сликите направени пред нивната куќа, Силвестер Сталоне е со својот брат и неговата сопруга, но неговото лице изгледа многу поинаку од вообичаеното!
Сталоне изненади минатата година објавувајќи дека се разведува од Џенифер Флавин, со која имаше три ќерки . На крајот на краиштата, парот се помири и во изминатите месеци нивната љубов процвета, како што покажуваат во нивното реално шоу „Семејството Сталоне“ .
Силвестер кој има 77 години е фотографиран за време на снимањето и многумина забележале дека неговото лице изгледа поинаку. Пределот околу очите и челото е претесен, додека се чини дека ставил филери во образите.
Актерот постојано зборуваше за парализа на дел од лицето, предизвикана од компликации при породување, но многумина сметаат дека неговиот сегашен изглед е резултат на премногу естетски корекции. Познатиот актер е критикуван од многумина дека го продолжил снимањето на реалното шоу во екот на најголемиот штрајк на холивудските сценаристи во последните 60 години , а сега поради овие фотографии се крена бура.