Сосема е нормално лице со срцеви заболувања да се чувствува загрижено за својот сексуален живот, но експертите велат дека повеќето луѓе немаат за што да се грижат.
Разбирливо е дека срцевите пациенти се прашуваат колку оптоварување може да поднесе срцето, но за повеќето луѓе, нема причина за грижа.
Враќањето на нормалните секојдневни активности и работите кои го прават човекот среќен е клучно за одржување на квалитетот на животот.
Според лекарите, ако некој има срцеви заболувања, може да доживее:
- губење на сексуалниот нагон
- импотенција или еректилна дисфункција
- сувост на вагината
- тешкотии во постигнувањето оргазам.
Зошто се губи сексуалниот нагон?
Губењето на сексуалниот нагон или импотенција може да влијае на секого. Ова е чест проблем и може да биде несакан ефект на лековите за срце. А, анксиозноста исто така може да има огромно влијание врз сексуалниот нагон на една личност и способноста за оргазам.
Кога можат да започнат интимните односи
Без разлика дали некое лице има ангина или се опоравува од срцев удар или операција на срцето, тие треба да можат да го продолжат својот сексуален живот веднаш штом ќе се чувствуваат доволно добро – што обично е околу две до осум недели, во зависност од состојбата и колку брзо се опоравува.
Ако лицето имало операција, може да потрае подолго.
Мајкл Блаха, директор за клинички истражувања во Центарот за превенција на срцеви заболувања Џон Хопкинс, објаснува дека е важно да се најде вистинската положба и да не се врши преголем притисок врз раната.
Тој не потсетува дека сексот е само уште една форма на физичка активност.
Дали сексот може да предизвика срцев удар?
Примарниот страв поврзан со интимноста за повеќето луѓе со срцеви заболувања е стравот од срцев удар.
„Иако сексуалната активност го зголемува пулсот, тоа не е нешто за што повеќето луѓе со стабилна срцева болест треба да се грижат. Во принцип, ако некој може да се качува по скали или да џогира, безбедно е да има секс“, вели Блаха.
“Можноста за срцев удар за време на сексуалната активност е исклучително мала. Се додека не се чувствуваат симптоми, тоа не е загрижувачко. Да, постои можност да доживеете срцев удар за време на сексот. Ризикот е малку зголемен секогаш кога некој е физички активни, без разлика дали станува збор за сексуална активност или трчање, или кој било друг вид на аеробни вежби, во споредба со ситуација на одмор, но, за луѓето со стабилно срце, долгорочните придобивки од редовната физичка активност, вклучително и сексот, многу ги надминуваат ризиците. “, вели Блаха.
Придобивките од сексот за здравјето на срцето
Наместо да предизвикува штета, сексот може да биде корисен за здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека мажите кои имаат секс најмалку два пати неделно и жените кои изјавиле дека имаат задоволувачки сексуален живот имаат помали шанси да добијат срцев удар.
„Сексот е форма на вежбање и помага да се зајакне срцето, да се намали крвниот притисок, да се намали стресот и да се подобри спиењето. Доколку има зелено светло од докторот и личноста не чувствува никакви симптоми, во ред е да се врати во нормала активности“, вели Блаха.
Кога да се воздржите од интимност
Секој тежок физички напор, вклучително и секс, треба да се избегнува пред да се посети лекар доколку има симптоми на срцеви заболувања како што се:
- Болка во градите
- Скратен здив
- Неправилно чукање на срцето
- Гадење или варење
Совети за враќање на вашиот сексуален живот:
- Избегнувајте сексуални односи после обилен оброк бидејќи постои ризик од варење после јадење, што може да имитира болка во градите. Поради ова, може да почувствувате вртоглавица
- Избегнувајте премногу алкохол пред секс бидејќи може да предизвика вртоглавица и да го зголеми ризикот од аритмии
- Најдете удобна положба