Дали сте роб на цигарите и едноставно не можете да ги оставите и покрај вашата кашлица? Во овој случај, почесто консумирајте храна и пијалоци кои можат да ги исчистат белите дробови од никотин и да ви овозможат полесно да дишете.
Некои од овие намирници можат да им помогнат на пушачите кои се „гушиле“ од кашлање да ги исчистат белите дробови: чаеви од ѓумбир, борови иглички или коприва, слатка пченка, портокали, кромид и лук.
Може да ви помогнат чаевите, пред се од свеж ѓумбир, но и од борови иглички или коприва, кои можете да ги јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко, бидејќи тие содржат моќен антиоксиданс селен. Јадете и јајца и житарки.
Слатката пченка е полна со бета-криптоксантин, за кој е докажано дека ги штити белите дробови од рак, бидејќи делува како моќен антиоксиданс. Доколку е можно, набавете си природно, органски одгледано. Портокалите имаат сличен ефект.
Кромидот и лукот поради својот состав имаат антиканцерогено дејство. Истражувањата покажаа дека кај луѓето заболени од рак, кои редовно го консумираат овој зеленчук, се спречува формирање на нови туморски клетки.
Секако, лошиот здив е неизбежен, но размислете за мирисот на чадот од тутунот во устата и на облеката, така што кромидот нема да ви изгледа толку неподносливо.