Познатата балканска ѕвезда Јелена Карлеуша во текот на кариерата секогаш посветувала големо внимание на својот изглед, но и на исхраната.
Како што еднаш призна, била и на строги диети кога имала неверојатни 75 килограми, но генерално нејзината исхрана се базира на здрава храна.
Имено, исхраната на Карлеуша се базира на оброци без месо, со минимум животински протеини (јајца, риба и млечни производи.)
Прво јаде големо количество овошје, а потоа зеленчук.
ПРВ ДЕН
Појадок: 400 грама кашкавал, две кришки интегрален леб, салата. Ужина: две јаболка. Ручек: грашок со зеленчук околу 400 грама и салата. Вечера: салата од тиквички.
ВТОР ДЕН
Појадок: овесни снегулки 4 лажици, овошен микс, чиа семе. Ужина: 300 грама цреши. Ручек: тавче боранија со зеленчук, салата. Вечера: кисело млеко 360 милилитри и салата.
ТРЕТ ДЕН
Појадок: Мафини од тиквички, салата. Ужина: Витаминска салата со црвена зелка. Ручек: Печурки со зеленчук. Вечера: Салата од зеленчук.