Постојат многу третмани за овој проблем, но повеќето од нив содржат многу хемикалии кои повторно можат да имаат непожелни ефекти, но кои се и многу скапи.
Доколку имате проблеми со опаѓање на косата, пробајте го овој сосема природен третман кој можете да го направите дома, ќе бидете задоволни од резултатите!
Губењето на косата е еден од честите проблеми со кои се соочуваат луѓето.
Се што ви треба е половина банана, половина чаша пиво, жолчки од јајце и мед!
Што треба да направите:
Најпрво на чинијата одвојте ги жолчките , додадете половина од бананата , потоа додадете половина чаша пиво и на крајот додадете органски мед .
Подобро е сите состојки да се стават во блендер за да се спојат што подобро.
Кога растворот е готов, испрскајте го на погодената област и оставете да делува неколку часа.
Ако чувствувате топлина, не паничете, тоа е добар знак. Ова значи дека вашата кожа го апсорбира овој раствор и лекот делува на вистински начин.
За подобри резултати, повторете ја оваа постапка неколку пати!