Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа заврши неславно – не само што беше соочен со провокации, туку доживеа и момент на отворено прозивка среде Овалната соба.
Средбата меѓу двајцата лидери, која првично изгледаше срдечна, брзо прерасна во непријатна серија обвинувања, прекини и непочитување. Ситуацијата кулминираше кога американскиот новинар Брајан Глен, познат по своите врски со екстремно десничарските кругови и момчето на крајнодесничарската конгресменка Марџори Тејлор Грин , го праша Зеленски: „Зошто не носиш костум? Дали воопшто поседувате костум?“
Зеленски, облечен во воена униформа, очигледно изненаден, одговори со прашањето : „Имате ли проблем?
Трамп ја искористи можноста да го пофали украинскиот лидер со иронија , прекинувајќи го и обраќајќи му се на Глен со зборовите:
– Зеленски е убаво облечен.
И тогаш, додека Зеленски сè уште се обидуваше да го одбрани нападот, американскиот претседател му намигна на Глен – како да му даваше знак на одобрување за јавно понижување на украинскиот претседател , пренесува DailyMail .
Овој потег, фатен на камера и подоцна детално анализиран во медиумите, јасно го покажа односот на Трамп кон Зеленски. Наместо да поддржи сојузник во војната, американскиот претседател дозволи украинскиот лидер да стане цел на потсмев во Овалната соба.
Does Trump’s wink to Marjorie Taylor Green’s reporter boyfriend Brian Glenn prove the White House bust-up with Zelensky was a ‘planned political mugging’? https://t.co/fey7eI0Psf
— Zicutake USA Comment (@Zicutake) March 2, 2025
Зеленски изгледаше вознемирено до крајот на состанокот, обидувајќи се неколку пати да ја преземе контролата врз разговорот , но секој пат беше прекинуван. Кога Трамп конечно рече:
– Проблемот е што јас те охрабрив да бидеш тврд човек и мислам дека немаше да беше таков без поддрршка на САД.
Посетата беше прекината порано од планираното, а сите понатамошни настани беа откажани. Зеленски ја напушти Белата куќа по само час и 39 минути, оставајќи зад себе слики и снимки од намигнувањето на Трамп – симболичен чин што ќе биде запаметен како момент на целосно понижување за украинскиот претседател.