Правилото е дека треба да испиеме најмалку шест чаши вода за правилно функционирање на организмот и поттикнување на метаболизмот. Но, кое е најдоброто време да се напиеме вода?
Особено кога станува збор за слабеење, кога телото е на посебен режим на исхрана и вежбање, пиењето вода е од големо значење. Експертите за исхрана сметаат дека една голема чаша вода пред јадење ќе ви помогне да изедете помалку, а со тоа ќе ви помогне во слабеењето. Водата може да помогне да се создаде чувство на ситост, а ќе одбегнете да се прејадете.
Други сметаат дека не е добро да пиете вода додека јадете, туку откако ќе завршите со оброкот. Причината е следна: водата ја разредува киселината во желудникот, односно ја поместува нејзината pH вредност што е потребна за да се разгради и апсорбира храната. Со самото тоа се забавува варењето, што предизвикува проблеми во дигестивниот систем и чувство на подуеност.
Кога е најдобро да пиете вода?
- 2 чаши вода наутро откако ќе станете за да го разбудите телото
- 2 чаши вода пред јадење за подобро варење
- 1 чаша вода пред да влезете под туш за да одбегнете покачување на крвниот притисок
- 1 чаша вода пред спиење помага во спречување на мозочен и срцев удар.