Замената на утринското кафе или сокот од портокал со лимон и вода е корисно за желудникот, сметаат некои експерти!
По сокот од лимон, Новак Ѓоковиќ пие зелено смути кое е богато со хранливи материи и алги.
„Во првиот дел од денот јадам многу овошје. Не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење бидејќи ми треба многу енергија за тренинг“, ја открива тој својата утринска рутина.
Подоцна Новак Ѓоковиќ конзумира чинија „суперхрана“. Се состои од јогурт со вкус на кокос, гранола, мусли, гоџи бобинки, семки од тиква и мед од манука, поточно, од типот на мед со најсилно антиинфламаторно дејство на организмот. Сето тоа се меша во еден сад, а за посладок вкус се додаваат боровинки и јагоди кои се полни со природни шеќери. Сето ова е без глутен и млечни производи. Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ во 2010 година се откажа од глутенот, млечните производи и рафинираниот шеќер, а го намали и внесот на црвено месо. Денес, тој јаде храна од растителна основа.
Како Новак Ѓоковиќ научи да се враќа и да ја одржува присебноста во решавачките моменти од натпреварите ? Одговорот лежи во менталната сила.
„Една од најголемите лекции што ги научив за менталната сила е дека ако го изгубите фокусот, не сте присутни и работите почнуваат да одат на погрешен начин за вас. Тоа е во ред, прифатете го тоа и потоа вратете се. Колку долго ќе останете во таа емоција е токму она што те разликува од другите. Секогаш размислуваме што ќе се случи, дали ќе победите или не. Одиш напред-назад, но важно е колку брзо ќе се вратиш. За мене, свесното дишење е веројатно најважната точка“, открива Новак Ѓоковиќ.
Медитацијата е еден од методите за постигнување самоконтрола. Со 20-минутни вежби ја постигнува смиреноста потребна за да остане фокусиран на играта. Кога натпреварот не оди во негова корист, тоа му помага да се опорави и да ја преземе контролата.
Д-р. Брендан Стабс, познат физиотерапевт и доктор за ментално здравје, објаснува како вежбите за дишење смируваат и позитивно влијаат на исходот на натпреварот:
„Ако сакате да успеете во тенисот, мора да имате навистина остар ум“, тврди тој.