Дали јадете јаболка секој ден? Нема да верувате што се случува во вашето тело

Јаболката се едно од најпопуларните овошја во светот и се познати по своите бројни здравствени придобивки – од подобро варење до заштита од хронични заболувања како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Богато со растителни влакна и антиоксиданси

Јаболката , особено со кора, се полни со растителни влакна, полифеноли и други хранливи материи кои го штитат срцето. Студиите покажуваат дека јадењето едно мало јаболко дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања, висок холестерол и висок крвен притисок. Покрај тоа, дневната консумација на јаболка е поврзана со 27% помал ризик од смрт од мозочен удар и 25% помал ризик од смрт од срцеви заболувања, пишува helath.com.

Јаболката се одличен извор на пектин, растворливо влакно кое го подобрува варењето на храната. Пектинот апсорбира вода во цревата и формира помека столица која полесно се исфрла. Исто така, пектинот делува како пребиотик, поттикнувајќи го растот на корисни бактерии во цревата.

Контрола на тежината

Поради високата содржина на вода и влакна и ниската калорична вредност, јаболката помагаат во одржувањето на телесната тежина – ве држат сити и го намалуваат дневниот внес на калории. Студиите покажуваат дека луѓето кои често јадат јаболка можат да изгубат околу половина килограм во текот на неколку години и да го намалат индексот на телесна маса.

Превенција на дијабетес тип 2

Луѓето кои јадат две порции цело овошје дневно, вклучувајќи ги и јаболката, имаат 36% помал ризик од дијабетес тип 2 од оние кои јадат помалку од половина порција. Флавоноидите во јаболката, вклучувајќи го и кверцетинот, помагаат во намалувањето на шеќерот во крвта и ја подобруваат чувствителноста на инсулин. Растворливите влакна дополнително ја забавуваат апсорпцијата на јаглехидратите и спречуваат ненадејни скокови на шеќерот во крвта.

Борба против ракот и поддршка на мозокот

Јаболката се богати со антиоксиданси кои можат да го намалат ризикот од разни видови рак, вклучувајќи рак на дојка, бели дробови, простата и дебело црево. Влакната и фитохемикалиите во јаболката можат да го забават растот на клетките на ракот и да ги заштитат цревата. Антиоксидансите во јаболката, исто така, му помагаат на мозокот, особено кај постарите лица, и можат да ги заштитат невроните од оштетување и да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест.

Малку претпазливост

Луѓето со дијабетес треба да јадат едно мало јаболко по оброк или ужина и, доколку е можно, да го комбинираат со здрави протеини или масти, како што се јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови или сирење.

Кај некои, јаболката може да предизвикаат надуеност или гасови поради влакната и FODMAP шеќерите (фруктоза и сорбитол). Луѓето алергични на бреза треба да ги избегнуваат јаболката бидејќи сличноста со протеините може да предизвика алергиска реакција.

Иако неколку семки веројатно нема да направат никаква штета, поголема количина може да биде опасна бидејќи содржат цијанид, токсин што се ослободува кога семките се џвакаат или згмечуваат, според 
City Magazine