ДАЛИ “ЉУБAВ ГОДИНE НЕ БРОИ”? Ова е идеалната разлика меѓу партнерите, според истражувачите

Истражувањето тврди дека ова е идеалната разлика во годините доколку сакате успешна врска, или подобро кажано – помалку е повеќе…

Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе. Концептот на запознавање со некој значително помлад или постар сè уште е контроверзен, како што сведочат многу славни парови.

Актуелни теми во светските медиуми и социјалните мрежи.

Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година, најмногу се зборуваше за бракот со Брижит Троње, која денес има 70 години и е 25 години постара од нејзиниот сопруг.

Идеалната разлика во возраста е една година?

Иако секогаш има исклучоци, студијата спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат, пренесува Index Magazine .

Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од паровите на иста возраст. Интересно е што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со разлика од 10 години.

За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат. Која би била идеалната разлика во годините? Научниците сметаат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика во возраст од само една година, односно само три проценти.