Првиот човек на кинеската дипломатија изјави дека процесот што води до очекуваната средба меѓу претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на САД, Џо Бајден, не е лесен и дека двете страни мора да работат заедно за да постигнат резултати, соопшти денес Министерството за надворешни работи на Кина.
За време на тридневната посета на Вашингтон, Ванг Ји се состана со Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, пренесува AP News.
Двете страни се согласија да работат на организирање билатерална средба за време на претстојниот самит на Форумот за економска соработка на Азиско-Пацификот што ќе се одржи во ноември во Сан Франциско.
Тридневната посета на Ванг Ји на Вашингтон дојде во време кога тензиите меѓу двете земји остануваат високи, вклучително и околу контролата на извозот на американската напредна технологија и понаметливите акции на Кина во Источното и Јужното Кинеско Море.