Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Во изминатите години СДСМ на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниот кадар во образованието.
Од 2017 година до денеска СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55 отсто. Само во месец септември платите на наставниците се покачени за 15 отсто.
Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.
Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.
Дополнително, од следната година регресот за годишен одмор ќе биде 30 отсто од просечната плата.
Резултатите на СДСМ за разликата од лошите, погубни политики на ДПМНЕ во образованието е јасна и очигледна.
СДСМ за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти. ДПМНЕ ги понижуваше наставниците и го рушеше нивното достоинство.
Освен во платите и вреднување на трудот на наставниците, СДСМ инвестира и во подобрување на условите за учење на децата но и за работа на наставниот кадар.
Преку значителни инвестиции, во изминатите години подобрени се условите за работа и учење во 80 училишта, реконструирани, обновени или новоизградени.
Платите во образованието растат значително и ќе продолжат да растат и понатаму, СДСМ обезбедува подобар животен стандард и подобри услови за работа.
СООПШТЕНИЕ – Прес-конференција на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ