Популарниот пејач Даниел Кајмакоски на својот Инстаграм профил ја сподели најубавата вест. Имено, пејачот стана татко. Пред само неколку месеци влезе во брачните води.
Сега на социјалните мрежи ја сподели првата фотографија со синот.
– Таа една мала насмевка додека сонуваш е се што ти треба за да го исполниш животот со длабока љубов и среќа, напиша Даниел.
Гордите родители на момчето му го дадоа името Стефан.
Даниел ѝ стана познат на јавноста откако во 2014 година победи во првата сезона на музичкото натпреварување „Икс фактор“, а оттогаш неговата популарност не опаѓа.