Дани Алвес одби посета од мајка му, се срами да го види в затвор

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес одбил посета од мајка му во затворот во Барселона, а во исто време изјави дека е подготвен да се справи со сè што го чека.

Мајка му Лусија пристигнала во Барселона од Бразил, но Дани бил категоричен и ја одбил посетата наведувајќи дека се срами и не сака мајка му да го види во затвор.

Сепак, двајцата разговарале по телефон, а мајка му останала во хотел во Барселона за да остане блиску до синот.