– Владата на Данска предложи да бидат одобрени 38 милијарди дански круни (5,65 милијарди долари) во следните 10 години за модернизација на данските вооружени сили и решавање на заостанатите инвестиции.
Овие средства ќе бидат доделени како додаток на средствата со кои Данска одлучи минатата година трајно да ги зголеми трошоците за одбраната и безбедноста до два отсто од бруто домашниот производ до крајот на 2030 година.
„Парите се наменети за „обновување на темелите на вооружените сили. Средствата од 38 милијарди круни ќе бидат вклучени во владиниот договор за одбрана, кој ќе биде претставен подоцна овој месец“, изјави за новинарите вршителот на должноста министер за одбрана на земјата, Троелс Лунд Поулсен.