Данската премиерка Мете Фредериксен била нападната во центарот на Копенхаген, соопшти синоќа нејзиниот кабинет.
Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот. Маж и пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен.
- Премиерката Мете Фредериксен вечерва беше нападната во Култорвет во Копенхаген од човек кој потоа беше уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката без дополнителни детали.
Инаку, плоштадот Култорвет, каде што се случи нападот, е пешачка зона во стариот дел на градот на данскиот главен град.
Полицијата соопшти дека уапсила маж и го истражува инцидентот, но не откри повеќе детали.
Не е познато дали данската премиерка е повредена во нападот. Мете Фредериксен, данска политичарка, беше избрана за премиерка во јуни 2016 година како најмладата личност на таа функција во данската историја.
Нападот се случи два дена пред Данска да гласа на изборите за ЕУ, а непосредно пред нападот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата со водечкиот социјалдемократски кандидат Кристел Шалдемосе, јави данската ТВ2.
Нејзините социјалдемократи се најголемата партија во коалициската влада. Тие сè уште водат во анкетите, но нивната поддршка значително се намали во последните месеци