Дара Бубамара живее во стан од 200.000 евра, мебелот чини цело богатство: Живее во луксуз, дури и нејзиниот син веќе заработува (фото)

Познатата пејачка Дара Бубамара платила 200.000 евра за имотот во Нови Сад каде што живее.

Околу станот има и луксузен мебел кој Дара Бубамара сама го избрала при аранжманот.

Станот, инаку, има 170 квадрати, а во него преовладува светло сивата боја.

Пејачката често се снима и фотографира во својот дом, па нејзините следбеници на социјалните мрежи често можат да видат како изгледаат собите.

Синот на Дара, Коста, заработува за мајка си

На прашањето дали му дава џепарлак на синот, Дара Бубамара неодамна ги изненади сите и рече дека нејзиниот син Коста сам заработува на само 13 години.

Пејачката потоа истакнала дека звучи неверојатно, но тоа е вистина и дека Коста и’ испратил порака дека преку игрите успеал да заработи 390 долари и дека ќе и’ ги стави на картичката, а таа му се заблагодарила на својот син за тој гест.

– На 13 години веќе заработува, неверојатно, но заработува за мајка си. Денеска ми испрати порака дека заработил 390 долари преку игрите и ќе ми ги стави на картичката. Реков фала сине – изјави пејачката во таа прилика за српскиот портал „Курир“