Австралискиот тенисер Ник Киргиос рече дека е уморен и дека не би играл повторно тенис доколку одлучувал тој.
,,Да беше до мене, немаше повеќе да играм искрено. Морам да продолжам да играм. Имам уште многу да дадам, но немам желба”, изјави Киргиос.
Киргиос во саботата изјави дека нема да учествува на Австралија опен во јануари поради повреда.
Во јануари оваа година Киргиос беше опериран на коленото, а во текот на летото се здоби со тешка повреда на лигаментите на скочниот зглоб.
,,Уморен сум. Имав три операции. Имам само 28 години, сакам да имам семејство и да немам болка. Кога станувам од спиење не можам да одам некое време. Тешко е”, рече тој.
Киргиос одигра само еден натпревар на АТП турнејата оваа година, а загуби од кинескиот Ву во Штутгарт во јуни.
,,Сакам да играм уште една до две години, да го достигнам врвот и да се повлечам според моите очекувања. Не би сакал да имам уште една операција”, рече Киргиос.
Неодамна објави дека нема да учествува на Австралија Опен бидејќи продолжува да се бори да ја пронајде вистинската форма по долгото отсуство поради повреда.