Дали знаете колку калории се согоруваат за време на сексуалниот однос, особено кога доживувате оргазам !? Податоците ќе ве воодушеват!
Сите знаат дека интимните односи го поттикнуваат лачењето на хормоните на среќата, но има уште еден изненадувачки ефект од редовното „дејство“ за кој ретко кој знае… „Редовните односи кај жените ја подобруваат состојбата на кожата, косата и ноктите, а исто така го намалуваат нивото на вознемиреност и страв“, вели гинекологот Наталија Давиденко.
Според докторката, во моментот на оргазам во крвта на жената се ослободуваат низа хормони, имуноглобулини и други биолошки активни материи кои позитивно делуваат на организмот. Конкретно, во мозокот се намалува активноста на „секторите“ одговорни за чувството на страв и вознемиреност. Покрај тоа, сензуалните задоволства, според нејзиното мислење, добро влијаат на изгледот на жената.
Наталија Давиденко додава дека за време на оргазам се зголемува количината на хормонот на среќата и се намалува нивото на кортизол, кој се произведува за време на стресот. Ова ја подобрува психо-емоционалната состојба и спиењето, го намалува нивото на анксиозност. Покрај тоа, поради ослободувањето на окситоцин и ендорфин, интимноста може да послужи како аналгетик за ублажување на главоболката.
Друга придобивка од сексот за жената, според Наталија Давиденко, е физичката активност. Таа објаснува дека за време на оргазмот, телото на жената согорува до 400 калории, а контракциите на интимните мускули помагаат да се одржуваат во добра форма.