Бројки како оние што ги забележа норвешкиот напаѓач Ерлинг Холанд денес ретко се гледаат, а малку повозрасните се сеќаваат дека нешто слично се случило во деведесетите во Португалија. Тогаш бразилскиот калчолигаш Марио Жардел ги „тероризираше“ противничките одбрани, а сите триеа очи и се чудеа како е можно тој да не игра во поголем клуб од Порто.
Bо времето кога Бразилците ја пустошеа планетата, Порто најпрв го забележа талентираниот напаѓач Васко, па Гремио, а потоа го донесе во летото 1996 година и без да се посомнева дека до 2000 година ќе постигне дури 170 гола за клубот, означувајќи историјата на португалскиот фудбал!
Сосема е неверојатно дека споменатиот број на голови Жардел го постигна на само 175 натпревари (четири сезони) и можеби уште полудо е што после тоа не отиде во некој од гигантите од најдобрите 5 лиги во светот туку во Галатасарај – тогашниот победник на Купот на УЕФА, кој дебело плати за неговото купување.
Тие веднаш ја исполнија неговата ослободителна клаузула од 16 милиони долари и го направија најплатен играч на клубот, многу повеќе отколку што било кој на Западот бил подготвен да му даде, но никој тој ден не му кажал на Жардело дека оди по погрешен пат…
Со ,,тоа” почна уште во деновите во Порто, а сè стана уште полошо кога замина во земја чиј јазик не го знае, а потоа повредите стануваа се почести. Наместо да се бори и да ги надмине тешкотиите што го снашле, Жардел продолжил по „лесниот пат“ овозможен од дрогата. Почнал да користи кокаин додека бил во Порто, а завршил во нарко пекол во Истанбул.
„Да играв денес, ќе вредев меѓу 150 и 200 милиони евра“, изјави Марио Жардел пред неколку години во едно интервју, отворено признавајќи дека има сериозен проблем со дрогата.
Како е можно ова да му се случи на напаѓач кој двапати освои Златна копачка, односно малку му недостасуваше хет-трик? Едноставно се вклучи во лошо друштво, и славата му „удрија“ во глава па колапсот беше неизбежен. Она што е целосно лудо е што три години откако почнал да се дрогира имал „луди“ бројки во клубовите за кои настапувал…
Даде 34 гола во дресот на Галата и побарал трансфер во Спортинг (можеби Турците забележале што се случува), а во редовите на големиот ривал на Порто повторно блесна. Во првата сезона 55 гола на 42 натпревари, а во втората уште 12 на 20 натпревари.
А потоа, почеток на крајот поради повреди…
Тој беше тажен затоа што беше изоставен од репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2002 година, а потоа тешко го повреди коленото во неговиот дом во Форталеза и беше надвор од терените речиси една година, а обидот на Болтон да го спаси беше залуден. Тоа не им успеа ниту на Анкона, Њуелс, Гојас, Беира-Мар, Анартоза, Њукасл Џетс, Крисиум, Америка, Фламенго, Черно Море и Рио Негро, кога имаше речиси 40 години.
Дури кога ја заврши кариерата и стана беспомошен, се појавија уште поголеми проблеми:
,,Се дрогирав, користев кокаин и паднав во депресија. А сосема случајно влегов во светот на дрогата. Кога ќе станеш успешен фудбалер има многу стапици, лажни пријателства и слични работи Некои луѓе ми нудеа дрога и почнав редовно да ја користам“, отворено призна Жардел.
Жардел во едно интервју призна дека сите во Порто знаеле дека се дрогира, додека најлошото било во 2002 година. Наместо да биде на Светското првенство и да му ја донесе титулата на Бразил, Жардел користел кокаин.
,,Тогаш се предозирав и седум дена бев буден, викав проститутки и мислев дека никој ништо не ми може, сè беше по моја волја… Не ми беше лесно да бидам јавна личност со висока плата и популарност“, додаде тој.
Бразилецот денес има 50 години и живее многу поумерен живот, иако имаше и големи финансиски проблеми поради екстраваганција.
Така, минатата година учествуваше во реално шоу во Португалија за да „застане на нозе“, но лошите вести продолжија да се слеваат бидејќи веднаш по излегувањето од шоуто дозна дека мајка му починала.
Оттогаш Жардел е сè почесто во Турција каде што навивачите го обожаваат иако играше само една сезона во Галатасарај.