Новак Ѓоковиќ деновиве игра меч во првото коло на Австралија опен против хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ.
На крајот од првиот сет, во кој расположениот Новак рутински ја заврши работата (6:2), беше видена една исклучително интересна сцена.
Хрватот се подготвувал за сервис кога заѕвони телефонот на фоторепортерот.
Новак се сврте кон него и со насмевка му рече: „ Дали сакаш да се јавиш на тоа ?
Реакцијата на одличниот тениски шоумен предизвика рафали од смеа на стадионот.
Погледнете како тоа изгледаше: