“ДА ПОЧЕКАМЕ И ДА ВИДИМЕ“ – Сергеј Лавров сака да дојде во Скопје, но Бугарија ќе го има последниот збор за неговото пристигнување ?

Високата руска делегација ќе дојде во Скопје доколку Бугарија го исполни ветувањето дека ќе дозволи прелетување на авионот – потврди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, објави руската медиумска агенцијата ТАСС.

Сергеј Лавров, наводно, информирал дека добил покана од властите во Македонија за учество на министерскиот состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој ќе се одржи од 29. ноември до 1. декември во главниот град на државата и дека Бугарија наводно ветила дека ќе го отвори својот воздушен простор за неговиот авион.

Да почекаме и да видиме. Веќе имаме неколку барања за средби во Скопје, вклучително и западни претставници, во случај да дојдеме таму. Се разбира, ќе се сретнеме со сите“, истакнал министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на МакедонијаБујар Османи, во саботата изјави дека е потврдено доаѓањето на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на неформалната вечера во пресрет на состанокот на министрите на ОБСЕ, но тој се уште нема потврдено за присуството на Сергеј Лавров.

Бујар Османи

Ентони Блинкен е потврден, тоа можам да го кажам сега. Во зависност од нивните агенди, секој доаѓа во различно време во тие три дена. На неформалната вечера го очекувам државниот секретар Ентони Бинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министер за надворешни работи на Руската Федерација, во овој момент не можам да кажам“, истакна Бујар Османи.

На министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе се одржи од 29. ноември до 1. декември. Во декември ќе учествуваат 76 делегации од земјите членки и партнери на организацијата, а во делегациите се очекуваат вкупно околу 1.000 гости.

Бујар ОсманиМакедонијаОБСЕполитикаРусијаСергеј ЛавровСкопје