Александра Младеновиќ синоќа имала сообраќајна несреќа. Нејзиниот автомобил бил целосно уништен од силината на ударот од возачката страна на автобусот.
Ова е поткрепено со фотографии од местото на настанот. Возилата се судриле во Белград на вода, а пејачката итно била пренесена во Ургентниот центар. Полицијата набрзо излегла на местото на настанот, а нејзиниот автомобил, како и возилото ГСП биле отстранети од коловозот.
Пејачката, да потсетиме, во последно време е во фокусот на јавниот интерес поради новиот емотивен партнер. Нејзиното момче Дарко Добричанин не е од јавниот свет, а неодамна за прв пат се појавија заедно во јавноста.