“Да сум на негово место, ќе внимавам што јадам!“ – Злобна шега на Џо Бајден упатена кон Евгениј Пригожин

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави претходниот ден дека основачот на руската приватна воена група Вагнер, Евгениј Пригожин, можеби е во опасност бидејќи минатиот месец се обиде да организира државен удар во Русија.

Би внимавал што јадам. Би внимавал на менито“, изјавил Џо Бајден на прес-конференцијата во Хелсинки.

Bloomberg наведува дека „шегата“ на Џо Бајден алудирала на, како што се истакнува, „руските безбедносни служби кои користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.

Џо Бајден вели дека светските лидери на Самитот на НАТО во Вилнус разговарале не знаејќи каде моментално се наоѓа Евгениј Пригожин и како бунтот може да влијае на руските операции во Украина и на иднината на групата Вагнер.

Евгениј Пригожин наводно замина за Белорусија по бунтот, но Кремљ оваа недела соопшти дека Владимир Путин одржал тричасовен состанок со водачот на групата Вагнер и другите команданти пет дена по бунтот на 24. јуни.

бунтВагнервојнаЕвгениј ПригожинРусијаСАДУкраинаЏо Бајден