Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори својот став дека не е време да се преговара со Русија, негирајќи дека некој од западните лидери извршил притисок врз него да го стори тоа, вклучително и САД.
Тој додаде дека конфликтот меѓу Израел и милитантниот Хамас го оддалечил вниманието од војната во Украина.
– Сите го знаат мојот став, кој се совпаѓа со позицијата на украинскиот народ. Денеска никој не ме притиска да преговарам, ниту еден од лидерите на ЕУ или САД. Ако седнеме со Русија и разговараме, а притоа дадеме нешто – тоа нема да се случи – рече Зеленски, пренесе „Гардијан“.
На прес-конференцијата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, тој додаде дека е јасно дека војната на Блискиот Исток го оттргна вниманието од војната во Украина.
Претходно американски „Ен-би-си“ објави, повикувајќи се на еден сегашен и еден поранешен функционер, дека американски и европски претставници разговарале со украинската влада за можни мировни преговори со Русија, кои би можеле да доведат до крај на војната.
„Ен-Би-Си“ наведе дека разговорите вклучувале многу широки рамки за тоа што Украина би можела да мора да се откаже за да постигне договор со Русија. Ројтерс вели дека не може независно да го потврди ова тврдење.
Исто така, американскиот „Ен-Би-Си“ ги цитира американските претставници кои рекле дека до разговорите со Украина дошле поради загриженоста во САД и Европа дека војната дошла во ќор-сокак, но и поради загриженоста на Западот да продолжи да му дава помош на Киев.
Британската новинска агенција истакнува дека Русија во моментов контролира околу 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина.