Дваесетгодишен Македонец е пронајден без знаци на живот во стан во Саранда

Македонски државјанин е пронајден мртов во стан каде што престојувал на одмор во крајбрежниот град Саранда.

Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот.

„Полицијата во Саранда соопшти дека жртвата, идентификувана како О.Ј. (20), била пронајдена од неговото семејство додека била во станот каде што престојувала за време на престојот во Албанија”, објавија медиумите.

Прелиминарниот преглед на телото не открил знаци на насилство. Се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт, но обдукцијата ќе треба да ја потврди причината.

Властите продолжуваат со истрагата за да ги разјаснат сите околности на овој трагичен настан.

Ова е втор трагичен крај на граѓанин од Македонија за време на неговиот престој во Албанија.

Кон средината на овој месец, македонски државјанин (66 години) се удави во близина на Драч на плажата Каваја. Според полицијата, тој доживеал срцев удар откако влегол во морето.