Двајца државјани од Македонија беа приведени на меѓународниот аеродром во Тирана откако кај нив беа пронајдени непријавени евра и денари.
Кај државјани на Република Македонија, кои требало да патуваат за Норвешка, откриени и запленети се 22.805 евра и 2.600 македонски денари.
Според полицискиот извештај, кај лицето А.Ј. (33) се пронајдени 11.800 евра и 2.600 денари, додека кај Б.И. (43) се пронајдени 11.005 евра, кои тој не ги пријавил.
Процедуралните материјали се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.