Македонското Министерство за внатрешни работи соопштува дека вчера во 22:50 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, службеници на Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги уапсиле А.В. (47) и А.Б. (54), двајцата од Скопјe.
„При преглед на патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В., и сопатникот по име А.Б., пронајден е Б.У. (22), илегален мигрант од Турција.“
„Возилото е конфискувано, а по наредба на јавен обвинител, мигрантот е сместен во Прифатниот центар за странци во Скопјe. Лицата се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.