Два американски бомбардери Б-1Б Лансер денеска од 13 до 15 часот ќе летаат ниско над Сараево и неколку други градови на БиХ.Амбасадата на Соединетите Американски Држави објави дека прелетот е знак на партнерство меѓу двете земји и дека авионот ќе биде дел од, како што го нарекоа заеднички воен настан во близина на Тузла, во кој дел ќе имаат и вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОС БиХ ).
Тие не прецизираа за кои други градови ќе станува збор, освен за Сараево, над кој ќе има низок прелет на авиони кои чинат по 317 милиони долари и се сметаат за столб на американското воено воздухопловство. Постои можност прелетот да биде откажан поради неповолни временски услови или барања за воена мисија.
Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Златко Лагумџија, во изјава за Klix.ba рече дека летот претставува јасна политичка порака.
Прелетот не е прифатлив за опозицијата во Република Српска бидејќи се работи за авионот што ја бомбардираше Сојузна Република Југославија во 1999 година.
Претседателот на РС Милорад Додик (СНСД) прелетот го нарече заплашување, додека членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ (СДП) го поздрави присуството на американски авиони, нагласувајќи дека, како што рече, 70 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина го поддржува.