Два вида слатка храна гарантираат лошо здравје на цревата

Здравјето на дигестивниот систем е тесно поврзано со исхраната, а храната што ја јадеме секој ден игра клучна улога во одржувањето на рамнотежата на цревната микробиота. Лошите навики во исхраната, особено прекумерното внесување шеќер, може да ја нарушат оваа рамнотежа на долг рок, да предизвикаат воспалителни процеси и да го ослабат имунитетот. Иако повременото слатко задоволство не е проблем, редовното консумирање на одредени видови слатка храна може да има штетен ефект врз варењето и целокупното здравје. Диететичарката Дејна Елис Хунс и нутриционистот Мишел Саари посебно предупредија за два вида намирници за кои тврдат дека гарантираат лошо здравје на цревата.

1. Слатки колачи

Многу слатки печива, како што се кроасани и мафини, содржат големи количини на додадени шеќери. Покрај тоа, тие се сиромашни со клучни хранливи материи како што се витамини, минерали и антиоксиданси. Јадењето појадок кој не содржи храна богата со хранливи материи може да предизвика нерамнотежа во дигестивниот систем и да ја наруши метаболичката функција.

Саари ги споделува своите предлози за поздрави алтернативи кои нема да го зголемат шеќерот во крвта, да доведат до отпорност на инсулин или негативно да влијаат на варењето.

„Слатките колачи се полни со масти и шеќери, а ниту една од тие состојки не е добра за вашето здравје. Наместо да одите во кафуле за пециво, погрижете се да имате нешто подготвено наутро“, посочи таа за SheFinds.

2. Овошни бонбони

Иако повремена шака бонбони не е проблем, редовното консумирање овошни бонбони може да има негативен ефект врз варењето и да предизвика непријатни дигестивни нарушувања. Хунес наведува дека најлош вид на бонбони за здравјето се бонбоните како Skittles и слично. Овошните бонбони најчесто содржат вештачки бои и големи количини шеќер.

Хунес предупредува дека премногу од овие слатки „го зголемува производството на инсулин и може да го оптоварува целото тело, што доведува до воспаление“. Ова, се разбира, може да предизвика и надуеност и несакано зголемување на телесната тежина, бидејќи „шеќерот го зголемува лачењето на инсулин, што помага да се складира вишокот шеќер и калории како маснотии“.

Како што веќе споменавме, повремено уживање во омилените десерти нема сериозно да му наштети на вашето здравје. Но, воспоставувањето здрави навики е клучно за одржување на балансиран дигестивен систем.