Два зачини можат да го подобрат метаболизмот

Одредени зачини и билки содржат соединенија кои можат да го поттикнат согорувањето на калориите, да го подобрат варењето, па дури и да го регулираат нивото на шеќер во крвта. Додавањето на овие зачини во нашите омилени утрински оброци не само што го подобрува вкусот, туку придонесува и за метаболичкото здравје, велат експертите.

Диететичарот и нутриционист Кетрин Гервасио откри кои зачини треба да ги додадеме во појадокот за подобар метаболизам.

1. Шафран

Додавањето шафран во појадокот може да помогне да се забрза вашиот метаболизам благодарение на неговите уникатни биоактивни соединенија. Содржи кроцин и сафранал, кои се познати по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Шафранот исто така може да го подобри расположението, потенцијално да го намали прејадувањето предизвикано од стрес.

„Ова може да биде потенцијално скап зачин, но помага да се намали апетитот и да се спречи прејадување, што индиректно го поддржува управувањето со тежината. Исто така, содржи антиоксиданси кои го поддржуваат метаболичкото здравје“, вели Жервасио за SheFinds. Таа откри и како можеме да го вклучиме шафранот во појадокот.

,,За најдобри резултати, земете неколку прамени шафран и ставете ги во мала чинија со топла вода или млеко. Оставете ги да киснат пет до десет минути за да се ослободи нивната арома и корисни соединенија. Откако ќе ја добиете течноста со вкус, додадете ја во вашата овесна каша за време на готвењето“, објасни таа.

2. Морско оревче

Морско оревче е корисен зачин за поддршка на метаболизмот.

,,Морското оревче може да го подобри варењето и метаболизмот на мастите. Неговите есенцијални масла промовираат детоксикација, што може да придонесе за метаболичкото здравје“, открива Жервасио.

Најдобро делува кога се додава во смути и печени десерти. Можеме да додадеме прстофат морско оревче во нашето утринско смути или да го вклучиме во рецептите за мафини или овесни снегулки.

Додавањето на овие зачини во утринските оброци не е само вкусно, туку и корисен чекор кон подобро здравје и енергија во текот на денот.