Два земјотреси денеска го погодија западен Непал, при што беа повредени 17 лица, оштетени се домови и предизвикано лизгање на земјиштето што блокираше голем автопат, соопштија властите. Свлечиштето предизвикано од земјотресите со јачина од 6,3 и 5,3 степени во областа Баџанга долж границата со Индија го блокираше патот кон јужните рамнини, изјави претставникот на Министерството за внатрешни работи Рама Ачарја.
Една жена е исчезната
Земјотресите со епицентри во Талкот и Чајнпур се случија во рок од 30 минути. Последователните потреси од земјотресот можеа да се почувствуваат дури до главниот град на Индија, Њу Делхи, каде луѓето ги напуштија своите домови и деловни згради. Засега нема извештаи за штети.
Полицискиот службеник Дипеш Чаудари изјави дека 17 лица се повредени, од кои 11 жени и шест мажи, и се згрижени во болница. Една жена е исчезната под свлечиштето, додаде тој. Едно повредено лице било погодено од предмет што паѓа, изјави Нарајан Пандеј, висок функционер во областа. Некои домови се урнаа во Чаинпур, град во областа.