За 48 часа во Белград се случија два напади во кои еден млад човек е ранет, додека другиот е убиен. Се сомнева дека станува збор за војна меѓу навивачки фракции и можен конфликт за шверц на дрога.
Околу 20 часот и 15 минути на 3 февруари на улица Камчатска во Карабурма, едно лице испукало неколку куршуми во правец на Богдан Ј.(23). Го застрелал во нозете, а два куршуми завршиле во десната надколеница. Откако го ранил, напаѓачот побегнал.
Се сомневаат дека напаѓачот имал помошник, а и дека знаеле во колку часот Богдан ќе биде во паркот, па му направиле „местенка“.
Бидејќи се работи за област каде често се собираат навивачи, никој од луѓето што живееле во близина не помислил дека се работи за пукање, туку петарди.
Но, набрзо на местото на настанот пристигнале пет полициски автомобили, како и возило на Брза помош, кое во свесна состојба го пренело Богдан во Ургентниот центар.
Богдан важел за проблематичен млад човек и наводно се занимава со дилање дрога, а на тоа укажува и фактот дека не сакал да соработува со полицијата и да каже кои се напаѓачите и дали ги познава.
Само два дена претходно, во сличен конфликт во Улица Северина Бјелица, загина Јован Миловановиќ (23), а Боро Ј. (23) беше ранет. Тие биле нападнати од Б.Б и малолетник (17).
Јован се здобил со повеќе убодни рани во пределот на стомакот и градниот кош и починал на лице место.
Според очевидци, младите се сретнале во паркот. Прво се расправале, па се туркале, а потоа еден од нив извадил нож и го нападнал Миловановиќ. Иако се обидел да избега, бил избоден до смрт, додека неговиот пријател бил ранет.
И убиениот и ранетиот младинец се навивачи, а Боро, кој разговарал со полицијата, не сакал да го открие идентитетот на лицето кое ги избодело.
Напаѓачите биле во бегство два дена, по што биле уапсени поради сомнение за тешко убиство.