Два хороскопски знаци кои возвраќаат ,,мило за драго”

Постојат знаци кои ќе ви го свртат другиот образ, ќе ви подадат рака на помирување или едноставно ќе заборават дека некогаш нешто се случило. А потоа тука се и оние други, оние кои си играат тивко, се сеќаваат долго време и се враќаат кога најмалку очекувате. Не мора од одмазда, туку од принцип. Ако сте им направиле нешто лошо, не грижете се – правдата ќе биде задоволена на еден или друг начин.

Шкорпија

Шкорпиите не забораваат. Никогаш. Можете да се обидете да ја поправите ситуацијата, да објасните, да се изговорите, но откако ќе ги повредите, сè се менува. Можеби нема веднаш да реагира. Ќе дозволи времето да си оди, ќе ве остави да мислите дека сте заборавени. А потоа, кога најмалку очекувате, тие возвраќаат – прецизно, ладно и неизбежно. Шкорпијата не бара одмазда, туку рамнотежа.

Бик

Бикот можеби не изгледа како одмаздољубив знак – тие се трпеливи, тивки и стабилни. Но, ако ја преминете линијата што јасно ја поставиле, можете да бидете сигурни дека ќе ви се одмаздат во одреден момент. И со камата. Нивната одмазда не е експлозивна, таа е намерна, специфична и неочекувана. Тие можеби сепак ќе ви посакаат добар ден, но зад таа насмевка стои план што не вклучува заборавање.

Овие знаци не прават сцени, не викаат и не драматизираат. Тие дејствуваат кога мислат дека е време, а кога дејствуваат, вие го чувствувате тоа. Затоа, ако ги имате во вашиот круг, задржете ја таа доверба. Бидејќи ако ја издадете, повратната карта е загарантирана.