Босанецот Казанова, Елмедин Кариќ од Бусовача, кој живее со две сопруги, повторно ќе стане татко, бидејќи и двете му се бремени.
Кариќ, кој пред три месеци се најде во центарот на вниманието на јавноста поради фактот што против волјата на неговите родители, како и родителите на неговата законска сопруга Фатима, донесе уште една жена и тоа Јана од Украина, која ја запознал во Германија, повторно го запали регионот.
Имено, судејќи по видеото кое се појави на социјалните мрежи, тој ќе стане татко, бидејќи и Фатима и Јана наводно се бремени!
За потсетување, тој веќе има три сина со Фатима. Шок, неверување, па еуфорија
Како што се гледа на виралното видео, тројцата заедно гледале тестови за бременост. Најпрво Светлана беше позитивна, а по неколку моменти истиот резултат беше добиен и за Фатима.
Љубовниот триаголник стана хит во регионот
Елмедин пред две години во својот живот донесе уште една жена. Јана, која доаѓа од Украина, ја запознал додека бил во Германија на привремена работа. Помеѓу нив не се роди само љубов, туку и желба за заеднички живот, му порача на камерата на Среќко Стиповиќ, за истоимениот канал на Јутјуб.
Секоја вечер спие со друга жена
Она што најмногу го интересираше Стиповиќ, а и сите што ја слушнаа нивната приказна, е како се организираат за спиење.
„Распоред за спиење… Видете, јас спијам со едната жена овде, додека другата со децата е таму. Следната вечер другата оди кај мене, првата оди кај децата. Не е важно тоа не се мајки, сите се сакаат, и децата ја почитуваат немаат вистинска мајка.. И на оваа постариот што е во школо му реков, треба малку да ја почитуваш Јана, сите заедно ќе живееме. Се почитуваме, така се договоривме“, вели Елмедин.
Неговиот татко го избркал од дома
Таткото на Елмедин, сепак, не ја поддржал оваа неконвенционална семејна динамика и го избркал својот син од куќата, изразувајќи го своето неодобрување за начинот на живот што Елмедин го избрал. Сепак, Елмедин решил да купи куќа, во која сега живее со двете сопруги и нивните три деца, пренесува „Српска инфо“.
„Те сакам… Таа те почитува“
Но, се појави и прашањето како реагирала Фатима на доаѓањето на втората сопруга на Елмедин од Украина. Како што рекол, одамна ѝ фрлал таква идеја, но Фатима на почетокот не била расположена за таква врска. Сепак, на крајот таа попуштила.