Во израелските воздушни напади загинаа најмалку пет лица во Газа, меѓу кои и две бебиња, соопштија денеска палестинските здравствени власти.
Еден проектил погоди куќа во централниот град Деир ал Балах, при што загинаа двајца мажи и една жена, соопшти болницата Ал Акса.
Болницата објави дека го примила и телото на четиримесечното момче кое беше убиено во напад на неговата семејна куќа во блискиот бегалски камп Буреиј.
Во градот Газа тринеделно бебе е убиено во воздушен напад на куќа во населбата Шеик Радван, соопшти Министерството за здравство, кое е под контрола на Хамас.
Израелската армија тврди дека е насочена само кон милитантите, кои ги обвинува дека се кријат меѓу цивилите.