Две години затвор за возачот кој во сообраќајка ја усмрти Теодора од Тетово

Возачот кој во септември 2022 година ја удри до смрт дваесет и двегодишната Теодора Ристевска е осуден на две години затвор, одлучи Основниот суд Тетово. Конечно во судот се појави обвинетиот и откако му беше прочитано обвинението, тој ја призна вината.

Во септември 2022 година, 22-годишната Теодора била удрена од „БМВ“ управувано од М.П.(44) во Тетово. Судот во Тетово во ноември 2023 година го осуди возачот на три и пол години затвор. Тој се жалеше на казната, Вишото јавно обвинителство Гостивар ја прифати жалбата и Апелациониот суд во Гостивар му ја намали казната на обвинетиот на две години затвор.

Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го прифати неговото барање за вонредно преиспитување на одлуката и ги укина двете пониски судски одлуки и предметот го врати на повторно судење во основниот суд.