Две девојки се снимале додека зад нив горела руска фабрика: По ова видео, веднаш биле уапсени!

Руските власти уапсија две млади Русинки , на возраст од 19 и 21 година, откако објавија видео на „ТикТок“ на кое се гледа како руска фабрика гори зад нив по украинскиот напад.

На видеото, Даша Владимирова (21) и Карина Јевгениева (19) снимаат видео, додека зад нив гори „Роснефт-Кубаннефтепродукт“, компанија за која се тврди дека соработува со руската војска.

Покрај нив двe, кои го објавија видеото со песната „Crimson Dawn“ од рускиот рапер Ендшпил, со нив е и еден маж чиј идентитет е непознат, како и дали и тој бил уапсен.

Руските власти бараат информации за девојките откако беше објавена снимката од областа Сочи.

Руските медиуми кои ја поддржуваат војната во Украина побараа јавно извинување од девојките.

Сепак, како што забележува британскиот „Сан“, вистинската причина за апсењето на двете млади Русинки наводно е демонстрацијата на украинскиот напад во најголемото туристичко одморалиште во земјата, а тие додаваат дека Москва е исклучително агресивна кон објавите на социјалните мрежи што ги истакнуваат украинските успеси на воениот фронт.