– Две деца се убиени во воздушен напад што израелската Армија го изврши во северниот дел на Појасот Газа.
Според информациите добиени од здравствени извори, израелските авиони ја бомбардирале населбата Аш-Шукаија во источниот дел на градот Газа.
Во нападот се убиени две девојчиња, а голем број Палестинци се повредени и се пренесени во Баптистичката болница Ал-Ахли.
Бројот на убиени Палестинци во израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7 октомври минатата година се зголеми на 37.718, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.