Две деца се на кислородна поддршка во Козле, во моментов во болницата има 65 пациенти

Од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај деца во скопско Козле соопштија дека 10 деца се на интензивна терапија и две од нив се ставени на кислородна поддршка.

Изминативе денови е забележан зголемен број на амбулантски посети и хоспитализации.

Во моментов се хоспитализирани 65 пациенти. Минатата недела се регистрирани 1.412 случаи, што е за над 34 отсто повеќе од претходната недела.

Бројот на заболени во однос на истиот период минатата сезона е помал за 15,7 отсто.

Најголем број случаи се регистрирани во Скопје. Врвот на грипот се очекува да биде кон средината на февруари.