Над 1.400 музичари од Финска потпишаа петиција за забрана на учеството на Израел на овогодинешната Евровизија.
Како што јавува Би-Би-Си, поради воените злосторства во Газа, сите музичари бараат Израел да биде исфрлен од натпреварот што ќе се одржи во мај во Шведска.
Доколку тоа не се случи, Финците бараат од нивната национална телевизија да ја повлече песната што ќе ја претставува Финска на Евровизија.
Пред Финците слично барање имаа и исландските музичари.
Да потсетиме, минатиот месец во Појасот Газа беше убиен израелскиот музичар Шаул Гринглик, кој беше на аудиција за Евровизија.