Младите жени ја заклучиле вратата и безгрижно заспале, пред зори доживеале шок
Золва и снаа повикале полиција пред неколку дена откако виделе непознат, полугол маж во нивната соба во куќата во Сату Маре , Романија .
Жените ги разбудил плачот на 15-месечно бебе кое било во собата со нив. Кога ги отвориле очите, до креветот здогледале видно пијан, непознат маж, кој не носел облека од половината нагоре.
Се верува дека осомничениот упаднал во дом во кој две жени биле сами со едно дете.
Мајката на бебето рекла дека нејзиниот сопруг пред три недели отпатувал во странство, а бидејќи золвата живеела во истата зграда се договориле да спијат во иста соба. Вечерта провериле дали ја заклучиле вратата и отишле да спијат. Околу 5 часот наутро мајката ја разбудила плачот на бебето, а кога ги отворила очите видела пијаница во собата.
Иако изненадена, нејзината золва веднаш скокнала и го турнала мажот надвор од собата. Тие наведуваат дека бил видно алкохолизиран, но дека не бил насилен, ниту пак барал нешто од нив. Кога жената го исфрлила од собата, тој истрчал од куќата и од дворот, а патем ја изгубил влечката.
За време на сослушувањето, мажот рекол дека единствено што се сеќава е дека таа вечер бил кај пријател, каде имал многу да се напие. Тој тврди дека не знае и не се сеќава како и зошто завршил во туѓа куќа, каде што имало две млади жени со бебе.
Против него е поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир.