Полицијата денес во 02:20 и 02:50 часот во Росоман приведе две лица во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и неговото семејство.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи попладнево, подоцна, со судска наредба, извршени се претреси во нивните домови, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони.
„Двајцата беа приведени во полициска станица, беше известен јавниот обвинител и, откако инцидентот ќе биде целосно истражен и документиран, против нив ќе бидат поднесени соодветни обвиненија“, се вели во соопштението.