Протеините играат важна улога во одржувањето на сложените функции на нашето тело. Овие макронутриенти не само што помагаат во изградбата на мускулното ткиво, туку служат и како катализатори за ензимски реакции, помагаат во одржување на силен имунолошки систем и придонесуваат за севкупниот баланс на здравата исхрана. Излегува дека посебна подгрупа, позната како „чисти“, суштински посни протеини, игра многу важна улога во слабеењето и одржувањето на оптималната состојба на организмот.
Докторката Мери Сабат за порталот She Finds истакнува дека доколку овие протеини се вклучени во утринскиот оброк, тие помагаат и полесно да се ослободите од вишокот килограми. Таа открива дека грчкиот јогурт и јајцата се најдобрата опција за појадок.
Грчкиот јогурт е една од намирниците кои од неодамна ја препорачаа сите нутриционисти, поради неговата висока содржина на протеини и потенцијалното позитивно влијание врз проблемот со дебелината. За разлика од обичниот јогурт, грчкиот јогурт поминува низ процес на процедување кој го отстранува вишокот на сурутка, што го прави погуст и повисок со протеини. Оваа густина на протеини не само што помага во обновувањето и растот на мускулите, туку обезбедува и чувство на ситост, спречувајќи непотребно да се прејадуваме.
Јајцата се познати и по нивната висока содржина на протеини, а се препорачуваат и во диетите (поточно белките) за губење на тежината. Полни со есенцијални амино киселини, тие се одличен извор на протеини кои го поддржуваат одржувањето и растот на мускулите. Тие, како грчкиот јогурт, се една од намирниците кои го забрзуваат чувството на ситост.