Десетгодишното истражување даде фасцинантен увид во моделите на спиење.
Две ноќи на нарушен сон се доволни за луѓето да се чувствуваат неколку години постари, велат истражувачите, додавајќи дека постојаниот, мирен сон е клучен фактор во помагањето да се „избега“ од чувството на старост.
Психолозите во Шведска открија дека волонтерите во просек се чувствувале повеќе од четири години постари кога биле ограничени на само четири часа сон во две последователни ноќи, а некои тврдат дека поспаноста ги натерала да се чувствуваат постари со децении.
Спротивното беше забележано кога на луѓето им беше дозволено да останат во кревет девет часа, иако ефектот беше поскромен, при што учесниците во студијата тврдеа дека се чувствуваат во просек три месеци помлади од нивната вистинска возраст откако доволно се одмориле.
Истражувачите спроведоа две студии.
Во првата, 429 луѓе на возраст од 18 до 70 години одговориле на прашања за тоа колку се чувствуваат стари и колку ноќи, доколку имало, лошо спиеле во изминатиот месец. Нивната поспаност беше оценета и според стандардна скала што се користи во психолошкото истражување. За секој ден на лош сон, волонтерите во просек се чувствувале три месеци постари, откриле научниците.
Во друга студија, истражувачите прашале 186 волонтери на возраст од 18 до 46 години за тоа колку стари се чувствуваат по две ноќи добар сон, во кои тие останувале во кревет по девет часа секоја вечер и две ноќи кога спиеле само четири часа. По две ноќи на лош сон, учесниците се чувствувале во просек 4,44 години постари отколку кога имале доволно сон. Тоа чувство беше поврзано со чувството на поспаност.
Оние кои вежбале два или повеќе пати неделно, барем еден час неделно, имале 42 отсто помали шанси да имаат проблеми со спиењето од неактивните луѓе , покажа студијата.
– Оваа студија има долг период на следење, десет години и силно укажува дека постојаноста во физичката активност може да биде важен фактор за оптимизирање на времетраењето на спиењето и намалување на симптомите на несоница – пишуваат авторите во „BMJ Open“, цитиран од „Theguardian“.