Две пријателки го обиколија светот на 81 година: На покојните сопрузи им ја посветија незаборавната авантура

Тие се доказ дека нема старосна граница за авантура

Фоторепортерката Ели Хемби и нејзината пријателка Сенди Хејзелип, докторка и предавач, го обиколија светот за 80 дена и покрај тоа што имаа 81 година.

80-годишните пријателки ја започнале својата амбициозна авантура на 11 јануари, според блогот што го воделе за време на патувањето. Нивната прва станица беше дестинација која не ја посетија многу поискусните патници – Антарктикот.

За да се дојде до најјужниот континент најпрво требаше да се помине преминот Дрејк, озлогласените немирни води помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.

– Речиси два дена се нишавме и се тркалавме, се лизгавме и паѓавме низ преминот Дрејк и се молевме да преживееме – изјави Ели Хемби во интервју за Си-Ен-Ен.

Како што вели Ели, убавината на Антарктикот е едноставно неверојатна.

  • Кога стапнавме на земја на Антарктикот, сето тоа беше заборавено. Гледајќи пингвини, ледени брегови и глечери – беше неверојатно – вели таа.

По првиот храбар потфат, пријателиките посетија 18 земји на сите седум континенти. Исто така, патем стекнаа лојални следбеници на социјалните мрежи кои редовно ги следеа нивните авантури на „ТикТок“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Д-р Хејзелип наведува дека ја запознала Ели по смртта на нејзиниот сопруг во 1999 година. Нејзиниот сопружник, како што вели, во срцето и всадил желба секое лето да оди на патувања со внуците. Ова ја доведе до медицинска мисија во Замбија, проект што Хамби и нејзиниот сопруг го водеа во јужна Африка.

Двајцата се зближија затоа што и двајцата сакаа да патуваат и приоритет им беше стекнување нови искуства, а не удобност и ексклузивни одморалишта.

Кога сопругот на Ели Хемби почина во 2005 година, тие станаа уште поблиски како вдовици, а идејата за патување околу светот дојде неколку години пред секоја од нив да наполни 80 години.

  • И така, околу четири години пред да наполниме 80 години, еден ден ѝ спомнав: „Ели, зарем не би било забавно да имаме 80 години и да го пропатуваме светот за 80 дена?“ – се присетува оваа баба.

На нивната веб-страница, Хамби и Хејзелип велат дека патувањето им го посветиле на нивните покојни сопрузи, Кели и Дон.

  • Ни недостигаш и сакаме да се приклучиш на нашата авантура – напишале тие.

Првично, планот требаше да започне во 2022 година кога ќе наполнат 80 години, но Ковидот ги наруши нивните планови.

  • Така отидовме оваа година, а темата ни беше: „На 81 година и уште во бегство“ – велат низ насмевка.

Во изминатите три месеци, пријателите јавале камили во Египет, се дружеле со слонови на Бали, танцувале во Непал и уживале во поларната светлина во Финска. И покрај предизвиците што ги претставуваат меѓународните патувања, најдобрите пријателки велат дека никогаш немало недоразбирања во тие 80 дена.

Двете сме многу независни, многу тврдоглави. Но, се чини дека си даваме доволно простор една на друга. Едноставно се разбираме и знаеме дека ова е добра работа што ја правиме и некако си ги почитуваме чувствата – вели Ели.

За Хамби, врв на патувањето биле луѓето што ги сретнале на патот.

  • Пејзажите низ кои поминавме се прекрасни, но работите на кои најмногу се сеќаваме се луѓето кои ги запознавме. Запознавме некои од најубавите, најљубезните, најпријателските луѓе на светот. Сега имаме пријатели ширум светот кои многу ги сакаме. Секогаш кога заминувавме нагласувавме дека не планираме одмор. Планиравме авантура. И секој ден беше авантура.

Иако Хамби и Хејзелип ја завршија својата светска турнеја и се вратија дома во Тексас, тие веќе го планираат своето следно патување.

За сите патници кои се плашат да се впуштат во ваков вид на авантура поради јазичната бариера, Елу Хамби дава клучен совет:

  • Велиме дека за Сенди и Ели има еден јазик, а тоа е насмевката. И откривме дека тоа прави чуда бидејќи честопати бевме свесни дека многу луѓе не зборуваат англиски. Но, насмевката ги покрива сите јазици.

Тие исто така ги охрабруваат своите врсници да не дозволат нивната возраст да ги кочи. Освен некои мали отстапки – како што е одлуката да не се вози мотор на Бали поради страв да не падне – тие наведуваат дека нивната возраст не влијаела на рутата на патувањето. Тие се убедени дека нивните деца, дури и да им се случи нешто лошо на патувањето, би биле мирни знаејќи дека го прават она што апсолутно го сакаат.

Сенди ја смета нејзината возраст како „совршена возраст“ за патување.

  • Стареењето ви дава одредена мудрост во донесувањето одлуки. И тоа е забавниот дел. Мислам дека на оваа возраст толку многу ја ценам убавината на животот и навистина можам да ја апсорбирам. За мене ова беше совршена возраст. Благодарен сум на Бога што го доживеав ова – заклучи Сенди.