Меѓу 59-те загинати во пожарот во дискотека во Кочани се и штипскиот гитарист Александар Коларов, како и неговиот колега Филип Стевановски, кои беа во брак со сестрите Ирена и Маја.
Ирена Крстевска Стевановски, сопругата на Филип, исто така е дел од музичкиот свет и поранешен вокал во неговиот претходен бенд, додека нејзината сестра Маја Крстевска, сопругата на Александар, е професорка.
Александар Коларов беше гитаристот и член на бендот ДНК.
Филип Стевановски бил продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез студии, а бил вработен и како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михаилов“ – Штип.
За потсетување, клубот „Пулс“, каде што се случи трагедијата, немаше дозвола за работа, поточно претходната беше истечена, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тосковски.